Проректор за меѓународна соработка


Проректор за меѓународна соработка


Проф. д-р Васко Стамевски 


Образование:


2013: Доктор по правни науки, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со наслов на докторската дисертација: „Криминал и злоупотреба на власта“ под менторство на академик проф. д-р Владо Камбовски;
2007: Магистер на правни науки, во областа на казненото право, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
1996: Дипломиран криминалист, на Факултетот за безбедност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје;
1987: Полициско училиште „Елисие Поповски-Марко“ во Скопје.


Работно искуство:


  • 2014 – денес: Вонреден професор на Факултетот за право, Проректор за меѓународна соработка, на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ (полно работно време), во Свети Николе и Битола;
  • 2015 – денес: Вонреден професор на Факултетот за детективи и криминалистика, , на „Европски Универзитет – Република Македонија“ (скратено работно време);
  • 2014 – 2017: Вонреден професор на Правиот факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, (скратено работно време);
  • 2009 – 2014: Советник во приватна компанија. Работел на проекти поврзани со стандардизација ( имплементација на ИСО (ISO) стандарди), консалтинг и правна регулатива;
  • 2007 – 2009: Менаџер за безбедност и спасување во Професионалната служба за спасување „Нова алијанса“, Скопје;
  • 2006 – 2007: Едукатор и обучувач во областа ракување со оружје во „Македонското здружени за ракување со оружје“ каде што тој е основач и претседател;
  • 2004 – 2006: Асистент на ЕУРМ по предметите: Казнено право, организиран криминал и пролиферација;
  • 1987- 2004: вработен во Министерството за внатрешни работи;
    • 1991: вработен во редовните полициски сили;
    • 1992 – 2001: Специјална единица на МВР на Република Македонија „Тигар“, Командант на единица, командант на вод, главен инструктор за специјални операции (инфилтрација во згради и справување со кризни ситуации со заложници, напади на возови, автобуси, автомобили, авиони, апсење на непријателски лица, ракување со оружје: пиштол, пушка, снајпер итн.). Во тој период работел како инструктор по воено-тактичка обука;
    • 2002 – 2004: – Раководител на Сектор за Специјални единици во МВР (2002 унапреден во генерал-мајор);
  • Во текот на работниот однос во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (1987 – 2004):
    • има организирано и спроведено повеќе курсеви и семинари за вработените во МВР;
    • во однос на ракување со оружје,
    • воено-тактичка обука,
    • апсење на непријателски лица,
    • инфилтрација во згради,
    • справување со демонстрации од поголеми размери итн. (со припадниците на редовните полициски сили, со специјалните единици на полицијата и специјалната единица на МВР на Република Македонија „Тигар“),
    • организирање и спроведување на активности како што е заштита на ВИП лица,

За време на работниот однос во МВР, повеќепати бил наградуван вклучувајќи ги трите рачни пиштоли, што ги добил од министрите за внатрешни работи.


Јазици:


  • англиски
  • хрватски
  • босански
  • српски

Работни обврски на проректорот за меѓународна соработка


  • Го координира процесот на меѓународна соработка на ниво на универзитет
  • Изготвува годишен план за меѓународна соработка и го проследува до Канцеларијата за меѓународни односи
  • Го организира учеството на МСУ во меѓународните програми за мобилност како Еразмус+
  • Го организира учеството на МСУ во меѓународни проекти
  • Прави план за членство на МСУ во меѓународни организации и асоцијации
  • Да иницира нови партнерства и да ги негува постојните партнерства со институтциите
  • Го претставува универзитетот надвор од земјата
  • Изработува стратегија и да го организира регрутирањето на студенти надвор од земјата
  • Ја промовира меѓународната димензија на истражувачката работа на МСУ
  • Ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот
  • Ги следи и решава проблемите кои настануваат во процесот на меѓународна соработка
  • Се грижи за унапредување на меѓународната соработка, прави стратегии за унапредување на истата
  • Поднесува месечни извештаи до ректорот и до Управниот одбор
  • учествува во креирањето на правилниците поврзани со меѓународната соработка и учеството во меѓународните проекти
  • Врши и други работи на барање на Ректорот