Безбедност при работа (3+2)


Студиска програма Безбедност при работа (3+2)


Име на студиската програма: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1230 евра


Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи на безбедноста при работа кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на заштита при работа и управување со заштитата при работа. Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за борба против нивното штетно дејство.

Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.

Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по безбедност при работа.


Наставна програма • тригодишни студии


Факултет за технички науки и информатика

Студиска програма Безбедност при работа

Дипломиран инженер по безбедност при работа

1 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Математика Задолжителен 8 240
2. Основни параметри за работната средина Задолжителен 8 240
3. Правни основи за безбедност при работа Задолжителен 8 240
4. Електротехника Изборен 6 210
5. Руски јазик Изборен 6 210

2 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Техничка механика Задолжителен 8 240
7. Термодинамика Задолжителен 8 240
8. Термопостројки Задолжителен 8 240
9. Механика на флуиди Изборен 6 210
10. Основи на економија Изборен 6 210

3 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Основи на заштитни системи Задолжителен 8 240
2. Процена на безбедност на работно место Задолжителен 8 240
3. Постројки и инсталации под притисок Задолжителен 8 240
4. Менаџмент на природни ресурси Изборен 6 210
5. Енергетика и опкружување Изборен 6 210

4 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Теорија на системи и ризик Задолжителен 8 240
7. Статистика и обработка на податоци Задолжителен 8 240
8. Индикатори за квалитетна работна средина Задолжителен 8 240
9. Социјална екологија Изборен 6 210
10. Основи на менаџмент Изборен 6 210

5 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Ризик од опасни материјали Задолжителен 8 240
2. Ризик од механички дејствија Задолжителен 8 240
3. Заштита од бучава и вибрации Задолжителен 8 240
4. Англиски јазик Изборен 6 210
5. Индустриска екологија Изборен 6 210

6 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Безбедност на опрема и производи Задолжителен 8 240
7. Заштита при транспорт и складирање Задолжителен 8 240
8. Ергономија на работно место Задолжителен 8 240
9. Мониторинг на животна средина Изборен 6 210
10. Менаџмент на професионален ризик Изборен 6 210


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image