Студиска програма Политички студии

Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Политички студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Академски назив: дипломиран политиколог
Годишна школарина: 1850 евра
Студиската програма Политички студии нуди систематско и продлабочено образование во областа на политичките науки и е насочена кон разбирање на политичките процеси, институциите и односите што го обликуваат современото општество.
Во текот на студиите студентите стекнуваат знаења за државата, политичката моќ, демократијата, политичките системи и институции, политичките идеи и идеологии, политичките партии, изборните системи и меѓународните политички односи. Програмата овозможува студентите да го разберат начинот на кој функционира политичкото владеење, како се носат одлуките и како се воспоставуваат односите меѓу државата, институциите, граѓанското општество и меѓународното окружување.
Студиската програма ги поврзува политичките науки со знаења од правото, економијата, социологијата и меѓународните односи, со што студентите добиваат поширока перспектива за анализа на политичките и општествените процеси. Посебен акцент се става на развивање на аналитичко и критичко мислење, аргументација, академско изразување и способности за самостојно истражување и анализа.
Додипломски студии
Студиската програма е со времетраење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 40 предмети кои по дипломирањето обезбедуваат 240 ЕКТС кредити.
Студиите се наменети за оние кои сакаат подлабоко да ги разберат политичките системи, функционирањето на институциите, политичките процеси и односите меѓу државата и општеството.
Тие се соодветен избор за студенти кои имаат интерес за политичките науки, функционирањето на јавната власт, политичките партии и изборните системи, меѓународните политички односи и современите општествени процеси, како и за оние кои сакаат да развијат способности за критичка анализа, истражување и аргументирано толкување на политичките појави.
По завршувањето на студиите, дипломираните студенти ќе располагаат со знаења и компетенции применливи во институциите на државната власт, јавната администрација, локалната самоуправа, меѓународните организации, дипломатско-конзуларните претставништва, невладините организации, аналитичките центри, истражувачките институти и медиумскиот сектор, како и во други организации поврзани со анализа на политичките процеси и институционалното функционирање.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
-
Вовед во правотоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Вовед во наука за политикатаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Академско пишувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ЕкономикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Економско казнено правоИзборен
6 ЕКТС
-
Граѓанско општествоИзборен
6 ЕКТС
-
Социјална психологијаИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
Уставно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политичка социологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политичка економијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазикЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управување со човечките ресурсиИзборен
6 ЕКТС
-
Криминал и човекови праваИзборен
6 ЕКТС
-
Модели на демократијаИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Меѓународни организацииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политичка идеологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Современи политички системиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политички теорииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психологија на политичко лидерствоИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународни економски односиИзборен
6 ЕКТС
-
Англиски јазик 2Изборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Мултикултурализам и политичка антропологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународно јавно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Административно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Криминална политика и криминологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Корпоративно управувањеИзборен
6 ЕКТС
-
Политички партииИзборен
6 ЕКТС
-
Политички менаџментИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Меѓународни односиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Административна култураЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Изборни системиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународно право за права на човекотЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Право на азил и миграцииИзборен
6 ЕКТС
-
Англиски 3Изборен
6 ЕКТС
-
НомотехникаИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Трговско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Геополитика и ГеостратегијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Алтернативно решавање на споровиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Дипломатски протокол и кореспонденцијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Односи со јавноста и креирање на јавно мислењеИзборен
6 ЕКТС
-
Деловна етикаИзборен
6 ЕКТС
-
Економски систем и економска политикаИзборен
6 ЕКТС
7 семестар
-
Право на ЕУЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Економска дипломатијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Надворешна политика и надворешно политичка анализаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политички маркетингЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управување со променитеИзборен
6 ЕКТС
-
Јавни финансииИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно трговско правоИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Власт и привилегијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Криминал и злоупотреба на властаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Антикорупциско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Дипломска работаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународна арбитражаИзборен
6 ЕКТС
-
Геоекономија и глобални финансииИзборен
6 ЕКТС
-
Јавна администрацијаИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, државна стручна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна, државна стручна или меѓународна матура (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Свидетелства од сите 4 години;
- Извод од матична книга на родените;
- Државјанство;
- Лична карта (на увид)
- 2 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1850 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.
