Додипломски студии
четиригодишни

На Факултетот за правни науки програмата за додипломски студии е дизајнирана да ги следи најновите глобални трендови и практики во правната област. Со четиригодишната програма на додипломските студии, студентите добиваат фундаментално разбирање за правните принципи, кои се непосредно применливи во различни правни контексти.

На Факултетот за правни науки во моментов се акредитирани четиригодишни студии – студиска програма Правни студии:

Студиската програма нуди широк спектар на предмети кои опфаќаат основни области како уставно право, граѓанско право, судско право, како и други специјализирани области како меѓународно право, права на човекот и право на информатичка технологија.

Сите предвидени предмети се дополнуваат со практични вежби, практична настава и активна улога во мултидисциплинарни проекти, што ги подготвува студентите со искуства кои се важни за нивната кариера.

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image