Последипломски студии двегодишни
Со воведувањето на нови студиски програми главната цел на нашиот Факултет за технички науки и информатика е да го подигне степенот на квалитетот на високото образование преку воспоставување на високи стандарди усвоени на светски признатите факултети од овие области.
Студиските програми се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето образование и да се занимаваат со специјализирана струка од областа на техничките науки и информатиката.
Факултетот за технички науки и информатика нуди четири студиски програми на последипломските студии и сите студиски програми се со времетраење од две години (четири семестри):
Последипломските студии се дизајнирани за да понудат идеален баланс помеѓу теорија и пракса, а можат да служат и како надополнување на Вашето претходно знаење од друга област, што може да обезбеди работно место на интердисциплинарна позиција.
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1230 евра за четвртата година (за сите студиски програми) и
- 1530 евра за петтата година (за Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи), односно 1730 евра за петтата година (за Безбедност при работа и Управување со отпад).
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.