
МСУ и Независниот синдикат на државна администрација на Македонија потпишаа договор за соработка
6 октомври 2026Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, одржа говор на тема „Promoting Ethical Use of AI for a Sustainable Society“ во рамките на Глобалниот образовен самит (Global Education Summit) на Chandigarh University во Индија. Излагањето беше посветено на одговорната и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието и општеството, како и на нејзината улога во градењето одржлива иднина.
Со сесијата претседаваше Н.Е. Сена Латиф, амбасадорка на Романија во Индија, а копретседавач беше проф. Жоао Понсиано од Универзитетот во Глазгов, Обединетото Кралство. Во сесијата учествуваа и Саринтри Удчачон од Универзитетот Махасаракам во Тајланд и Давид Матушек од Универзитетот на Шлезија во Катовице, Полска. Учеството на претставници од различни земји и академски средини овозможи размена на искуства и согледувања за примената на вештачката интелигенција и предизвиците што таа ги носи.
Учеството на МСУ продолжува и во следната програмска сесија, во која проф. д-р Марија Гроздановска и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев ќе имаат излагање на тема „Sharing Healthy Practices in the Use of AI-Oriented Technologies to Achieve SDGs“. Нивното излагање ќе се фокусира на здрави и одговорни практики во користењето технологии засновани на вештачка интелигенција за постигнување на Целите за одржлив развој.
Овогодинешниот самит обединува повеќе од 90 глобални лидери и претставници на над 65 универзитети од повеќе од 30 држави, создавајќи простор за меѓународен дијалог за иднината на високото образование.
Универзитетот Чандигар (Chandigarh University) е еден прворангиран приватен универзитет во Индија и значаен меѓународен партнер на Меѓународен Славјански Универзитет. Основан во 2012 година, за само 14 години постоење постигна значителен напредок на меѓународната академска сцена, достигнувајќи го 526. место на престижната QS светска ранг-листа на универзитети за 2027 година. Универзитетот се издвојува по својата меѓународна ориентација, развојот на научноистражувачката дејност и соработката со академски институции од целиот свет.
Преку учеството на самитот, Меѓународен Славјански Универзитет придонесува во дискусиите за одговорната примена на новите технологии, ја продлабочува меѓународната соработка и разменува искуства со академски институции од целиот свет.








