Додипломски студии четиригодишни
Факултетот за психологија на студентите им нуди една општа студиска програма на четиригодишните додипломски студии:
Главната цел на додипломските студии е студентите да можат да се запознаат со важните и суштинските поими од психологијата, кои ќе бидат квалитетна основа за продолжување на нивната кариера во конкретна психолошка дисциплина.
Студиската програма која ја нудиме на додипломските студии е општа, па по дипломирањето студентите лесно ќе можат да одберат која ќе биде дисциплината на која ќе се фокусираат. За повеќе информации, можете да ја разгледате студиската програма:
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.