Финансии и деловно право (3+1+1)


Изборен модул Финансии и деловно право (3+1+1)


Име на студиската програма: Финансии и деловно право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по финансии и деловно право
Годишна школарина: 1530 евра


Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни студии при МСУ на студентите им овозможува да го прошират своето знаење на правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.



Студиската програма Финансии и деловно право на студентите им нуди да стекнат потребната теоретска основа и практичните познавања способности и вештини од областа на трговско право, пазарот на хартии од вредност, работните односи со сите свои правни, социјални и економски димензии, како и знаења од областа на корпоративниот маркетинг и деловните финансии што ќе придонесе за нивно подобро профилирање како стручни кадри во областа на бизнис опкружувањето.

Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, ќе имаат можност да се запознаат и со деловното опкружување на споредбеноправните системи на земјите на ЕУ , како и начинот на функционирање на заедничкиот европски пазар.


Наставна програма


Финансии и деловно право е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.

Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „Магистер по финансии и деловно право“ во конкретната област.

Од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив магистер по право.


Факултет за правни науки
Студиска програма Финансии и деловно право (3+1+1)
Магистер по финансии и деловно право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Царинско право Изборен 6 152
2 Право на интелектуална сопственост Изборен 6 152
3 Банкарско право Изборен 6 152
4 Буџетско право Изборен 6 152
5 Деловни финансии Изборен 6 152
6 Право на хартии од вредност Изборен 6 152
7 Финансирање на локална самоуправа Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image