Додипломски студии
четиригодишни


Факултетот за економија и организација на претприемништвото нуди две студиски програми на четиригодишни додипломски студии:

Нашите додипломски студии ви нудат многу повеќе од само академска титула. Преку практичната настава и работилниците кои ги организираме во и надвор од наставата ќе ви помогнеме да се стекнете потребните вештини, знаење и искуство за да се изградите себеси како добар економист – менаџер.

Студирањето на Факултетот за економија и организација на претприемништвото може да помогне во развивање на потребните вештини кои се потребни за успешно раководење со бизнис. Предметите кои се опфатени во нашата програма ја рефлектираат мултидисциплинарната природа на бизнисот. Во текот на студиите ќе имате предмети поврзани со сметководство, финансии, менаџмент, деловно право, даночен систем итн.

За повеќе детали, разгледајте ги студиските програми:

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image