Последипломски студии едногодишни и двегодишни
Последипломските студии по психологија се чекор понапред кон насочување кон една дисциплина во психологијата низ теорија, спроведување истражувања и квалитетна практична настава. Факултетот за психологија нуди две студиски програми на едногодишни и двегодишни последипломски студии:
Доколку сакате да добиете подлабоки познавања за однесувањето, мислите, интеракциите и реакциите на луѓето, сакате да градите кариера како успешен психолог и себеси се гледате како иден магистер на психолошки науки, тогаш разгледајте ги подетално студиските програми кои ги нудиме:
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати:
- 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии), за упис на едногодишни студиски програми, односно
- 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии), за упис на двегодишни студиски програми.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1230 евра за четвртата година и
- 1530 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.