Упис на последипломски студии – 2019/2020

Упис на додипломски студии – 2019/2020
9 мај 2019
МСУ на отворените денови во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес
10 мај 2019

Упис на последипломски студии – 2019/2020

Врз основа на член 149 од Законот за високото образование на Република Северна Македонија (Сл. весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански  Универзитет Г. Р. Державин Свети Николе-Битола, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 12.04.2019 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2019/2020 година и го објавува следниот :

КОНКУРС

за запишување на студенти на втор циклус на студии во академската 2018/2019 година

• ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ •

Факултет за економија и организација на претприемништвото

Факултет за психологија 

Факултет за информатика 

  • Софтверски технологии
  • Компјутерски системи и мрежи

Факултет за безбедносно инженерство 


1. Број на студенти

На студиските програми на факултетите за настава на македонски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 35 студенти
  • Маркетинг менаџмент – 35 студенти

Факултет за психологија (едногодишни студии)

  • Психологија на социјална заштита – 20 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 20 студенти

Факултет за психологија (двегодишни студии)

  • Психологија на социјална заштита – 20 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 20 студенти

Факултет за информатика (едногодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 20 студенти
  • Софтверски технологии – 20 студенти

Факултет за информатика (двегодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 20 студенти
  • Софтверски технологии – 20 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (едногодишни студии)

  • Безбедност при работа – 25 студенти
  • Безбедност од пожар – 25 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

  • Безбедност при работа – 25 студенти
  • Безбедност од пожар – 25 студенти

На студиските програми на факултетите за настава на англиски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 10 студенти
  • Маркетинг менаџмент – 10 студенти

Факултет за психологија (едногодишни и двегодишни студии)

  • Психологија на социјална заштита – 10 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти

Факултетот за информатика (едногодишни и двегодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 студенти
  • Софтверски технологии – 10 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (едногодишни и двегодишни студии)

  • Безбедност при работа – 10 студенти
  • Безбедност од пожар – 10 студенти

2. Услови и критериуми за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите во износ од 1500 евра (за една учебна година) односно 1700 евра за Факултетот за безбедносно инженерство, во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10%.


3. Рокови за пријавување и запишување   

Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе во периодот од 25.04.20189 до 30.10.2019 година.

Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 01.11.2019 година.


4. Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Фотокопија од лична карта;
  • 4 мали слики во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...