Граѓанско право (3+1+1)

Насока Граѓанско право (3+1+1)

Име на насоката: Граѓанско право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по граѓанско право
Годишна школарина: 1530 евра


Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентите ќе им понуди можност да се стекнат со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го применат во пракса.



Студиската програма Граѓанско право на студентите им нуди можност да го прошират своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, како и да го прошират своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право.

Се очекува студентите во рамки на овој циклус на студии да се профилираат во стручну кадри кои поседуваат проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, со што ќе дадат свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.


Наставна програма


Граѓанско право е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.

Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по граѓанско право“ во конкретната област.

Од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со соодветно звање магистер по право.

 

Факултет за правни науки
Насока Граѓанско право (3+1+1)
Магистер по граѓанско право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Оштетно право Изборен 6 152
2 Алтернативно решавање на спорови Изборен 6 152
3 Споредбено граѓанско право Изборен 6 152
4 Филозофија на правото Изборен 6 152
5 Граѓанско процесно право на ЕУ Изборен 6 152
6 Компаративно граѓанско право Изборен 6 152
7 Арбитражно право Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен

 


Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за правни науки | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за правни науки се веќе започнати! ⏰Наставните програми им нудат на идните студенти можност да се стекнат со потребната теоретска основа и практични познавања, способности и вештини од областа на правото.И Вие сакате да студирате право? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fpn/dodiplomski/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...