Правни студии (општи тригодишни студии) – (стара програма, до 2020 г.)


Студиска програма Правни студии (тригодишни)


Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Кликнете овде за новата студиска програма.


Име на студиската програма: Правни студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 26
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: правник, потребно е да заврши уште една година на некој од изборните модули за да се стекне со стручен назив дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Студиската програма на правните студии му овозможува на студентот по завршување на првото ниво на студии да се стекне со општи познавања од областа на правото и да добие диплома „правник“, како и да продолжи со натамошна специјализација на една од петте специјализирани студиски програми и да се стекне со напредни познавања од областа на правото и да добие диплома „дипломиран правник“.



Наставна програма • тригодишни општи студии


Студиската програма на првиот циклус на (тригодишни) правни студии, односно додипломските студии е со траење од три години (шест семестри) и опфаќа изучување на 26 задолжителни предмети кои носат 180 кредити. Овие предмети му овозможуваат на студентот да се стекне со општо правно образование. Наставата во овие 3 години (шест семестри) се одвива во вкупно 1302 часа. Согласно Законот за високото образование со завршувањето на првите три години од правните студии, студентот добива диплома за стекнат стручен назив  „правник“.


Факултет за правни науки
Студиска програма Правни студии (тригодишни)
Стручен назив: правник, потребно е да заврши уште една година на некој од изборните модули за да се стекне со стручен назив дипломиран правник
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Вовед во правото Задолжителен 8 240
2 Социологија на правото Задолжителен 7 210
3 Римско право Задолжителен 7 210
4 Право на информатичка технологија Задолжителен 8 240
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Уставно право Задолжителен 8 240
6 Историја на правото Задолжителен 8 240
7 Општ дел на граѓ. право и стварно право Задолжителен 8 240
8 Странски јазик Задолжителен 3 90
9 Академско пишување Задолжителен 3 90
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Облигационо право Задолжителен 7 210
2 Семејно право Задолжителен 7 210
3 Трудово право Задолжителен 7 210
4 Основи на економијата Задолжителен 5 150
5 Управување со човечки ресурси Задолжителен 4 120
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6 Правна реторика Задолжителен 7 210
7 Наследно право Задолжителен 7 210
8 Трговско право Задолжителен 8 240
9 Казнено право Задолжителен 8 240
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Финансии и Финансово право Задолжителен 7 210
2 Меѓународно јавно право Задолжителен 8 240
3 Право на интелектуална сопственост Задолжителен 8 240
4 Право на ЕУ Задолжителен 7 210
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Меѓународно приватно право Задолжителен 7 210
6 Граѓанско процесно право Задолжителен 8 240
7 Казнено процесно право Задолжителен 8 240
8 Административно право Задолжителен 7 210

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image