Студиска програма Психологија во социјалната заштита
стара програма
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Новата програма е достапна овде.
Тип на студии:
- Двегодишни (четврта плус петта година), 300 ЕКТС
- Едногодишни (петта година), 300 ЕКТС
Оваа студиска програма на Факултетот за психoлогија овозможува стручна подготовка на студентите за обезбедување на директни услуги, советување и третман на индивидуи, групи и заедници кои имаат потреба од помош.
Програмата е наменета за сите оние кои сакаат да се грижат за луѓето, да работат на социјални промени и да направат нешто во врска со унапредување на квалитетот на живот на индивидуално и глобално ниво.
Студиска програма за двегодишни студии (четврта плус петта година)
Име на студиската програма: Психологија во социјалната заштита
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки
Годишна школарина: 1530 евра
Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 кредити) или две години (120 кредити). Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС, додека
Во рамките на двегодишните студии се опфатени 7 предмети кои студентите треба да ги положат, додека кај едногодишните студии бројот на предметите изнесува 4.
Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.
Факултет за психологија | ||||
Студиска програма Психологија во социјалната заштита | ||||
Магистер на психолошки науки | ||||
Двегодишни студии (3+2) | ||||
7 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Социјална заштита во Р. Македонија | Задолжителен | 15 | 450 |
2 | Семејна терапија | Задолжителен | 15 | 450 |
8 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Психологија на заедницата | Задолжителен | 15 | 450 |
2 | Ментална хигиена и советување | Задолжителен | 15 | 450 |
9 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Психолошко советување во стрес и криза | Изборен | 10 | 300 |
2 | Основи на психотерапија | Изборен | 10 | 300 |
3 | Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведение | Изборен | 10 | 300 |
4 | Унапредување на менталното здравје во заедницата | Изборен | 10 | 300 |
5 | Методологија и научна теорија | Ун. изборен | 10 | 300 |
6 | Организациски менаџмент | Ун. изборен | 10 | 300 |
10 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
Практична работа | 10 | 300 | ||
Нацрт на магистерски труд | 10 | 300 | ||
Магистерски труд | 10 | 300 |
Студиска програма за едногодишни студии (петта година)
Име на студиската програма: Психологија во социјалната заштита
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки
Годишна школарина: 1530 евра
Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 5.
Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.
Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.
Факултет за психологија | ||||
Психологија во социјалната заштита | ||||
Магистер на психолошки науки | ||||
Едногодишни студии (4+1) | ||||
9 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Социјална заштаита во Р. Македонија | Задолжителен | 10 | 300 |
2 | Семејна терапија | Задолжителен | 10 | 300 |
10 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведение | Изборен | 10 | 300 |
2 | Психологија на заедницата | Изборен | 10 | 300 |
3 | Психолошко советување во стрес и криза | Изборен | 8 | 240 |
4 | Основи на психотерапија | Изборен | 8 | 240 |
5 | Методологија и научна теорија | Ун. изборен | 6 | 180 |
6 | Организациски менаџмент | Ун. изборен | 6 | 180 |
Практична работа | 4 | 120 | ||
Нацрт на магистерски труд | 3 | 90 | ||
Магистерски труд | 10 | 300 |
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.