Клиничка и советодавна психологија – стара програма


Студиска програма Клиничка и советодавна психологија
стара програма


Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Новата програма е достапна овде.


Тип на студии:

  • Двегодишни (четврта плус петта година), 300 ЕКТС
  • Едногодишни (петта година), 300 ЕКТС

Оваа студиска програма е наменета за студентите кои имаат интерес да ги истражуваат и да одговорат на психолошките потреби на луѓето, преку процена и третман на нивните ментални, емоционални и бихевиорални проблеми.

Студентите на оваа програма изучуваат предмети со кои се стекнуваат со знаeња за подобрување и унапредување на менталното здравје, а задолжителната практична настава низ многу институции во Република Северна Македонија само допринесува да ги подобрат вештините за соочување со предизвиците на клиничката и советодавна работа.



Студиска програма за двегодишни студии (четврта плус петта година)


Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки
Годишна школарина: 1530 евра


Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 7 предмети кои студентите треба да ги положат.

Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.


Факултет за психологија
Клиничка и советодавна психологија
Магистер на психолошки науки
Двегодишни студии (3+2)
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Здравствена психологија Задолжителен 15 450
2 Психички растројства, етиологија и дијагностика Задолжителен 15 450
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психолошки интервенции и третмани Задолжителен 15 450
2 Психолошко советување Задолжителен 15 450
9 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Ментална хигиена Изборен 10 300
2 Основи на психотерапија Изборен 10 300
3 Унапредување на менталното здравје во заедницата Изборен 10 300
4 Проценка на личноста и психопатолошките отстапувања Изборен 10 300
5 Методологија и научна теорија Ун. изборен 10 300
6 Организациски менаџмент Ун. изборен 10 300
10 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
  Практична работа   10 300
Нацрт на магистерски труд 10 300
Магистерски труд 10 300

 


Студиска програма за едногодишни студии (петта година)


Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки
Годишна школарина: 1530 евра


Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 5.

Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.


Факултет за психологија
Клиничка и советодавна психологија
Магистер на психолошки науки
Едногодишни студии (4+1)
9 семестар
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психички растројства етиологија и дијагностика Задолжителен 10 300
2 Психолошки интервенции и третмани Задолжителен 10 300
10 семестар
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Здравствена психологија Изборен 10 300
2 Основи на психотерапија Изборен 10 300
3 Психолошко советување Изборен 8 240
4 Унапредување на менталното здравје во заедницата Изборен 8 240
5 Методологија и научна теорија Ун. изборен 6 180
6 Организациски менаџмент Ун. изборен 6 180
Практична работа 4 120
Нацрт на магистерски труд 3 90
Магистерски труд 10 300

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image