Факултет за информатика

Зошто да студирате информатика?

Зошто да студирате

Како што технологијата се развива, има сè поголема потреба од инженери во областа на информатиката.

Информатиката е за иноватори

Информатиката ќе направи да изнаоѓате нови начини на размислување и поврзување на работите.

Каде би работеле?

Некои од нашите студенти работат како информатичари во приватни компании за изработка на софтвер, телекомуникациски компании, во индустријата, невладини организации, во продажба и маркетинг, самостојно како веб дизајнери…

Наука во подем

Ќе имате можност да работите во најсовремените компјутерски лаборатории, да пишувате сопствени програми, да навлезете во основата на Веб дизајнот...

parallax background

За факултетот

Практични знаења и вештини

Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.
Главната цел на Факултетот за информатика е да ги подготви студентите со практични знаења и вештини од областа на компјутерските технологии, со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето.

180 ЕКТС

ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Нашиот факултет нуди две насоки на додипломски студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години.

Решавањето на проблеми е можеби најважниот дел од информатиката како наука. Предметите кои се опфатени во наставните програми на овие две насоки ќе ги научат студентите за дизајнот и развојот на софтверски решенија кои помагаат во решавање на проблеми од разни области.


дознај повеќе
300 ЕКТС

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Факултетот за информатика нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

Со воведувањето на нови студиски програми и организација на втор циклус последиплосмки стручни студии, главната цел на нашиот Факултет за информатика е да го подигне степенот на квалитетот на високото образование во областа на информатичките науки преку воспоставување на стандардите усвоени на светски признатите факултети за информатика.

Студиските програми се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето информатичко образование и да се занимаваат со специјализирана информатичка струка.


дознај повеќе

Информации за студенти

Предавања и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања

Наставата од Факултетот за информатика се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.


parallax background
Електронска и бесплатна

ЛИТЕРАТУРА

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот заинформатика е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.
На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Учебниците можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

Нов модел

Помош и менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?

Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?

Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.

Декан на факултетот

проф. д-р
Сашо
МАНАСОВ


Редовен професор

„Почитувани студенти,

„Денес живееме во свет на глобализација кога квалитетот и знаењето се поважни од кога било.“

...

„Информатиката, знаењето, a особено практичното знаење, ги отвора сите порти, секаде во светот. Затоа е од исклучителна важност со каков квалитет на практично знаење ќе се здобие студентот по завршувањето на студиите.“

...


Прочитајте го целото обраќање
Сите информации на едно место

Упис на додипломски студии

Сите информации на едно место

Упис на последипломски студии

Документи за упис

  • Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.