Маркетинг менаџмент (4+1)

Насока Маркетинг менаџмент (4+1)

Име на насоката: Маркетинг менаџмент
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по економски науки
Годишна школарина: 1530 евра


Маркетинг е областа од менаџментот која се занимава со истражување и задоволување на потребите на клиентите, низ развивање на производите и услугите што ги нуди компанијата и нивно прилагодување на барањата на пазарот. Како негови неизоставни делови се јавуваат планирањето, одредувањето на цената, рекламирњето, промоцијата и дистрибуцијата.

На насоката Маркетинг менаџмент ќе научите за цврстите и нераскинливи врски кои постојат во праксата помеѓу маркетингот и финансиите, сметководството, персоналот, информатичките системи, бизнис комуникациите и стратешкиот менаџмент. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.



Овде, како иден маркетинг менаџер, ќе научите како да ги развивате и менаџирате секојдневните релации што се воспоставуваат помеѓу клиентите, конкуренцијата, партнерите, добавувачите и останатите учесници во процесот на продажба.

Ќе научите како да ги идентификувате маркетинг-можностите, да изработувате маркетинг план за искористување на тие можности и да го реализирате маркетинг-планот преку соодветните маркетинг-стратегии во клучните подрачја како производ, цена, промоција и дистрибуција. Ќе можете да водите успешна политика на развој на нови производи, или иновирање на веќе постоечките.

Во рамките на едногодишните студии се опфатени 5 предмети кои студентите треба да ги положат. Од понудените 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.

 


Наставна програма • петта година


 

Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока Маркетинг менаџмент
Магистер на економски науки
Едногодишни студии (60 ЕКТС)
9 СЕМЕСТАР
Предмет ЗАД/ИЗБ ЕКТС Оптовареност
1 Теорија на маркетинг Задолжителен 9 270
2 Маркетинг менаџмент Задолжителен 9 270
3 Политика на продажба и цени Задолжителен 9 270
10 СЕМЕСТАР
1 Политина на производ и промоција Изборен 8 240
2 Теорија на купување на потрошувачите Изборен 8 240
3 Методологија и научна теорија Ун. изборен 8 240
4 Организациски менаџмент Ун. изборен 8 240
Практична работа 4 120
Нацрт на магистерски труд 3 90
Магистерски труд 10 300

 


Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за економија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за економија се веќе започнати! ⏰Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите. Доколку сте креативни и мотивирани – припаѓате овде!И Вие сакате да студирате економија и менаџмент? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/feiop/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 27, 2017


CAPTCHA
Please wait...