Факултетот за безбедносно инженерство нуди една студиска програма на додипломските студии. Студиите се тригодишни и по завршувањето студентот се стекнува со 180 ЕКТС кредити.
- Додипломски студии (180 ЕКТС кредити)
Наставата на програмата ќе обезебеди подготовка на студентите за успешна примена на научни и стручни достигнувања од областа на инженерските безбедносни системи и менаџментот на управувањето со безбедност при работа во работната и деловната средина во организациите. Посебни цели на студиската програма е стекнување на знаења и вештини за:
- идентификација на основни структури и процеси во системот на работната, индустриската и деловната средина во организацијата и пошироко.
- идентификација на опасности, ризици и примена на разни методи, анализа со преземање на активности за управување со организациски системи и создавање на безбедносни услови за работа во работни средини и однесување кон ризици.
- образование и оспособување на вработените од областа на безбедноста и заштитата на здравјето во работна средина, изработка на анализи, прегледи, испитувања, планирања, воведување на иновациски системи и раководење со системите за заштита на работната средина во организациите.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1637998416210898/