Факултет за безбедносно инженерство
Зошто да студирате безбедносно инженерство?

Зошто да студирате
Во денешно време евидентна е потребата од стручни лица за вршење на работи од областа на безбедност при работа.

Ќе студирате на првиот и единствен ваков факултет во Република Северна Македонија
Република Северна Македонија ги следи eвропските трендови во областа на безбедноста при работа.

Каде би работеле?
Овде вашата кариера е безбедна. Должност на работодавачите е да го имплементираат Законот за безбедност при работа, па така тие се должни да вработат инженери за безбедност при работа.

Наука во подем
Се повеќе работодавачи од домашни и странски претпријатија бараат дипломирани инженери од нашиот факултет, кој е единствен од овој тип во Северна Македонија. Тоа ни дава за право да констатираме дека овој факултет ќе биде факултет на иднината, за што зборува и се поголемиот интерес на студентите за него.

За факултетот
Практични знаења и вештини
Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија овозможува едукација на стручни лица за безбедност при работа, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично безбедносно искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.
Главната цел на Факултетот за безбедност е да ги подготви студентите со практични знаења и вештини од областа на безбедноста, со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето.
180 ЕКТС
ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ
Нашиот факултет нуди една насока на додипломски студии по безбедносно инженерство. Студиите се со времетраење од три години.
Опремени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа.


300 ЕКТС
ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ
Факултетот за безбедносно инженерство нуди една насока на последипломските студии.
Заштитата при работа е дејност која не е дозволено да им биде препуштена на лица со недоволно образование, нестручност или неискуство. Токму поради тоа студиите по безбедносно инженерство во светот се од големо значење и кај младите луѓе постои голем интерес за продолжување на образованието во оваа област.
Тие активно се вклучени во сите фази од работниот процес и се грижат за сигурноста, како и за брзото отстранување на евентуалните закани, опасности или последици.
Информации за студенти
Предавања и испити

Организација на семестри
Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите
Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања
Наставата од Факултетот за безбедносно инженерство се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава
Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.

Електронска и бесплатна
ЛИТЕРАТУРА
Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за безбедносно инженерство е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.
На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.
Наши изданија за наши студенти
Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.
Учебниците можат и да се позајмуваат
Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.
Нов модел
Помош и менторство

Модел на менторство
На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките
Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?
Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?
Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.
Декан на факултетот
проф. д-р
Цветанка
МИТРЕВСКА
Редовен професор
„Почитувани студенти,
Факултетот за безбедносно инженерство припаѓа во групата на најугледни и најпрестижни институции во областа на безбедност при работа. Денес тој е современа научно-образовна институција, со јасно дефинирана мисија, визија, цели и програмски определувања.“
...
„Факултетот ќе овозможи едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, нормите и стандардите на Европската унија, Меѓународната организација нa трудот и Светската здравствена организација во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.“
...

Сите информации на едно место
Упис на додипломски студии
Сите информации на едно место
Упис на последипломски студии
Документи за упис
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Копија од лична карта;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- 4 мали фотографии во боја
Школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1730 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.