Ректор

Dushan Nikolovski (Medium)

проф. д-р Душан Николовски, ректор

Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола, благодарение на визијата на основачот со која иницијалната идеја станува реалност, овозможи за краток период да се развие современа стратегија за современ менаџмент, соодветен избор на човечките ресурси, со квалитетен деловен простор, со разновидни универзитетски единици, со што и се создаде бренд претпознатлив во современиот образовен процес на пазарот на Р. Македонија.

Создадениот имиџ на универзитетот овозможи потпишување повеќе договори за соработка со бројни реномирани компании вклучени во бизнисот во Македонија, но и надвор, каде што сегашните и идните студенти имаат и ќе имаат можност за усовршување на своите работни вештини и професионално вклучување во бизнисот. Потпишани се договори и за наставна, научна и истражувачка работа со разни универзитети, а еден од нив, како наш стратешки партнер е и Тамбовскиот универзитет, при што веќе со успех функционираме како Корпоративен универзитет со можност за стекнување двојна диплома. За брендот говори и бројот на запишаните и завршените студенти, ангажираните професори, структурата на учење, развојот на кариерата со завршените студии и сл.

Сето ова претставува дел од можностите и предизвиците кои може да ги споделат идните генерации кои ќе се одлучат да го продолжат своето животно образование на еден од факултетите кои функционираат на нашиот универзитет:

Сите овие факултети заедно со професорскиот кадар кој секогаш е позитивно, професионално и пријателски расположен за работа со студентите, како досега, па така и понатаму, неуморно ќе ги истражуваат научните полиња кои се предмет на проучување и ќе бидат од корист и во функција на сегашните и идните студенти.

Нашите цели се зацртани, стратегијата веќе успешно се имплементира, а и патот на успехот веќе е јасно дефиниран. Остварувањата го прават Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ современ и достоен за почит во македонското општество и пошироко.

Затоа, почитувани идни академски граѓани, пред вас е можноста и вие да станете дел од оние кои веќе се декларирале за наши студенти. Со тоа правите уште еден чекор кон заедничкиот успех со кој ќе припаднете на семејстото студенти кои своето образование го стекнуваат на еден од реномираните факултети при Меѓународниот Славјански Универзитет.

Од името на универзитетот Ви посакувам среќа!