Студентски сојуз

Сојузот на студенти при МСУ е основан во 2007-мата година.

Студентскиот сојуз има многу активности во текот на целата година, а генерално нивните активности се сведуваат на учество и организација на настаните на универзитетот.

Преку студентскиот сојуз се организираат бесплатни работилници и обуки за нашите студенти, но и за други заинтересирани граѓани.

Тие секоја година се дел од организација на меѓународната научна конференција во Св. Николе во организација на МСУ, се вклучуваат во студентските размени, даваат предлози за организација на настани итн. Студентите организираат крводарителски акции, студентски забави и екскурзии.

Уште една активност која се повторува на годишно ниво е Софра, меѓународниот натпревар во кулинарство, на кој нашите студенти учествуваат со две екипи – едната од Св. Николе, а другата од Битола. Натпреварот се одржува во Охрид и традиционално го приредува МСУ во соработка со Амбасадата на руската Федерација во Македонија и сл.

Најголемата предност на Студентскиот сојуз е можноста студентите да се дружат меѓусебно и да споделуваат идеи, иновации, креативност. Тие го организираат и традиционалниот планинарски марш до манастирот Трескавец во Прилеп, каде што покрај студентите планинарат и нивните наставници, асистенти, административци и други гости.