Се известуваат сите студенти на додипломски и последипломски студии на одделенијата во Свети Николе и Битола дека во тек е уплатата на четвртата рата за партиципација за учебната 2012/2013 година.
Последен рок за уплата на четвртата рата е 30 Мај 2013 година.
Студентите кои во определениот рок нема да ја завршат уплатата ќе немаат право на пријавување и полгање на испитите од јунската испитна сесија.
На ден 16.05.2013 год. од центарот за учење и трансвер на технологии при МСУ Г.Р.Державин Свети Николе, во соработка со ветеринарната комора на Р.Македонија по 5-ти пат организираше едукативен стручен собир на тема Трауматологија во ветеринарната медицина.
На оваа тема говореа 3-ца афирмирани професори од ветеринарниот факултет Свеучилиште во Загреб: проф д-р Дражен Матичиќ, проф д-р Борис Пиркиќ и проф д-р Дражен Внук.
Предавањето е акредитирано и бодирано од страна на ветеринарната комора на Р.Македонија
За повеке информации преземете од ОВДЕ
Се покануваат студентите кои имаат дипломирано во период од Јуни 2012 до Мај 2013, дека на ден 24.05.2013 год во 10:30 часот ќе има свечено доделување на дипломите.
На ден 18.05.2013 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше потпишан договор за соработка со Варненскиот Слободен Универзитет “Црноризец Храбар” од Варна, Република Бугарија. Договорот беше потпишан помеѓу Ректорот на МСУ Проф. Д-р Душан Николовски и Заменик Ректорот на Варненскиот Слободен Универзитет Проф. Д-р Павел Павлов.
За повеке информации преземете од ОВДЕ