Двојни дипломи

На нашиот Универзитет за студентите од Факултетот за економија и организација на претприемништвото и Факултетот за психологија постои можност да се стекнат со двојни дипломи, од кои едната е македонска, издадена од ПВУ МСУ „Г. Р. Державин“ – Македонија, а другата руска, издадена од Државниот Тамбовски Универзитет – „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија.

За да се стекнете со двојна диплома потребно е да ги положите сите испити по македонската програма, како и дополнителни испити од руската програма. Доколку сакате да добиете и руска диплома, потребно е при уписот на годината да ги известите нашите службеници, со цел да ви бидат изготвени потребните документи. За студирање за двојна диплома се плаќа редовната школарина на МСУ и дополнителна годишна школарина од 500 евра во денарска противвредност.

Доколку имате дополнителни прашања околу условите за студирање и стекнување со двојна диплома, ве молиме да го контактирате нашиот Центар за меѓународни односи на international@msu.edu.mk.