Студиска програма Безбедност од пожар (3+2) – стара програма
Важно: Студиската програма Безбедност од пожар повеќе не е активна. Во моментов е активна само студиската програма Безбедност при работа.
Последипломските студии настудиската програма Безбедност од пожар се организирани на следниов начин:
- Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
- Безбедност од пожар (3+2)
- Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)
- Безбедност од пожар (3+2)
Безбедност од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.
Основната цел на програмата за Безбедност од пожар е подготовка на студентите за применување на научни достигнувања во решавање на проблемите поврзани со заштитата од пожар.
Специјалистички (четврта година)
Име на студиската програма: Безбедност од пожар
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Годишна школарина: 1230 евра
Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).
Факултет за безбедносно инженерство | ||||
Студиска програма Безбедност од пожар | ||||
Специјалистички, 240 ЕКТС | ||||
7 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Безбедносно инженерство | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Теорија на палење и горење | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Динамика на пожари | Изборен | 7 | 210 |
4 | Заштита на згради од пожар | Изборен | 7 | 210 |
5 | Заштита од пожар при ел. празнење | Изборен | 7 | 210 |
6 | Ризици од опасни материјали | Изборен | 7 | 210 |
8 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Теорија на отпорност од пожари | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Системи за гаснење на пожар | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Алармни системи | Изборен | 7 | 210 |
4 | Моделирање и симулација на пожар | Изборен | 7 | 210 |
5 | Пренос на топлина и маса | Изборен | 7 | 210 |
6 | Инженерска економија | Изборен | 7 | 210 |
Магистерски (петта година)
Име на студиската програма: Безбедност од пожар
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по безбедност од пожар
Годишна школарина: 1730 евра
Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по безбедност од пожар.
Во рамките на едногодишните студии предвидено е студентот да положи вкупно 8 предмети, односно по 4 во секој семестар.
Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.
Магистерски, 300 ЕКТС | ||||
9 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Тактика за интервенција и спасување | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Заштита од пожар и експлозија во технолошки процеси | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Менаџмент на одржување | Изборен | 7 | 210 |
4 | Менаџмент за заштита од пожар | Изборен | 7 | 210 |
5 | Менаџмент на проекти | Изборен | 7 | 210 |
6 | Економика при заштита од пожар | Изборен | 7 | 210 |
10 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Стручна пракса | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Магистерски труд | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Менаџмент на човечки ресурси при безбедност од пожари | Изборен | 7 | 210 |
4 | Заштита на животна средина и пожари | Изборен | 7 | 210 |
5 | Методологија и научна теорија | Изборен | 7 | 210 |
6 | Организациски менаџмент | Изборен | 7 | 210 |
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1637998416210898/