За факултетот

Факултет за безбедносно инженерство нуди една насока на додипломските и една насока на последипломските студии.

Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Северна Македонија овозможува едукација на стручни лица за безбедност при работа, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.



Што е безбедност при работа?


Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.


Шанса да го промените светот


Во свет кој со секој поминат ден станува се покомплициран и поранлив, луѓето сакаат да се чувствуваат безбедно насекаде, па ниту работното место не е исклучок.

Како дел од студиите, нашите студенти ќе научат како да собираат информации за можните ризици кои произлегуваат од неправилно користење на апаратите и алатите за работа, да ги анализираат и да спречуваат истите да се случат.

Опремени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа.



Стручни лица се нашата цел


Основна цел на програмите е оспособување на студентите за примена на научни и стручни достигнувања во областа на инженерството и менаџментот во управување со безбедност при работа во организациите.

Стручниот назив на дипломираните студенти е Дипломиран инженер за безбедност при работа, додека стручниот назив на студентите кои ќе ги завршат последипломските студии е Магистер за безбедност при работа.


За кого се наменети програмите од овој факултет?


Студиските програми на Факултетот за безбедносно инженерство се наменети за лица кои сакаат да работат со луѓе, се грижат за безбедноста на работното место и сакаат да работат на подобрување на условите на работното место.

Програмите се прилагодени за европските стандарди, што ги прават соодветни за студентите од земјава, но и од странство.


Факултет за безбедносно инженерство | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...