Нашиот универзитет да стане крстосница каде ќе се обединуваат и споделуваат знаењата од истокот и западот, со цел да воспостави универзални академски стандарди, да понуди квалитетно образование и научна дејност преку современа наставна програма за кадри кои се подготвени за глобалниот пазар на трудот.


Визијата на МСУ е да даде придонес во развојот на општествениот, културниот и економскиот потенцијал и преку модерна образовна научна инфраструктура да создаде препознатлив бренд во образованието на Република Северна Македонија.

Со издавање на научни и стручни дела МСУ од една страна се стреми да ја потикне мотивацијата, оригиналноста и креативноста на наставниот кадар а од друга пак, да им понуди на студентите современи образовно квалитетни дела, помагала со ссодржини кои се во тренд со тенденциите на образовниот европски и светски простор.

МСУ дава посебен белег на организирање на меѓународни конференции, трибини, тркалезни маси, панел дискусии на кои земаат учество домашни и странски признати научни работници, експерти, студенти со цел размена на искуства, знаење и умеење, примена на современи научни технологии а во насока на проширување на веќе стекнатите склучени договори за соработка со повеќе научни институции, размена и мобилност на студенти, академскиот кадар и поттик за зголемување на развојот на искуства и знаења во сферата на образованието, науката и технологијата.