
Брисел: МСУ учествуваше на два меѓународни настани организирани од Economist Enterprise
16 јуни 2026
Успешно заврши имплементацијата на Жан Моне проектот на Меѓународен Славјански Универзитет
17 јуни 2026Во периодот од 16 до 18 јуни, Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на Фатма Зехра Татлисоз од Универзитетот „Фатих Султан Мехмет Вакиф“ од Република Турција, која престојува во рамки на програмата „Еразмус+“ за мобилност за обука.
Во рамки на посетата, беше реализирана средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, на која беа разменети искуства и мислења за значењето на меѓународната академска соработка и можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“.
Посетата претставува дел од активностите предвидени со програмата за мобилност за обука, која овозможува стекнување нови знаења, размена на добри практики и јакнење на професионалните контакти меѓу високообразовните институции.




