
Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на предавањето „Cyber Security 2026 – Што можеме да очекуваме?“
13 јуни 2026Гостинка од програмата Еразмус+ на Меѓународен Славјански Универзитет
16 јуни 2026Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на два значајни меѓународни настани во Брисел, организирани од Economist Enterprise, дел од екосистемот на светски познатата медиумска и аналитичка групација The Economist Group, препознатлива по своите истражувања, анализи и организирање на високопрофилни конференции кои ги обединуваат академската заедница и индустријата.
На покана на организаторот, МСУ беше претставуван од Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, кои учествуваа како делегати на 11th Annual World Cancer Series Europe и Economics of Obesity and Metabolic Health Summit.
Двата настани собраа водечки експерти од областа на здравството, научноистражувачката дејност, јавните политики и индустријата, кои дискутираа за актуелните предизвици и иновации поврзани со превенцијата, третманот, јавното здравје, менталната благосостојба и одржливите здравствени системи.
Учеството на МСУ на овие настани е од особено значење за развојот на студиските програми по психологија и безбедност и здравје при работа. Како високообразовна институција, Универзитетот континуирано работи на унапредување на наставните содржини преку следење на најновите светски трендови, научни сознанија и добри практики, со цел студентите да стекнат современи и применливи знаења.
Конференциите овозможија размена на искуства и идеи со меѓународни експерти, како и воспоставување нови професионални контакти и можности за идна академска и институционална соработка.
Меѓународен Славјански Универзитет изразува благодарност за поканата и можноста да биде дел од овие значајни меѓународни собири, чии сознанија и искуства ќе придонесат за понатамошно зајакнување и модернизација на образовните програми на универзитетот.









