
Успешно заврши имплементацијата на Жан Моне проектот на Меѓународен Славјански Универзитет
17 јуни 2026Во периодот од 15 до 19 јуни 2026 година, претставници на Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа во Erasmus+ Комбинираната интензивна програма (Blended Intensive Programme – BIP) „Вештини за 21 век за сите“, која се одржа на Универзитетот во Аксарај, Република Турција.
Универзитетот беше претставен од студентите Јована Анџиева од кампусот во Битола и Павел Трајковски од кампусот во Свети Николе, како и од доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар на Меѓународен Славјански Универзитет.
Програмата обедини учесници од шест европски држави и беше насочена кон развој на вештини и компетенции неопходни за современото високо образование, преку размена на знаења, искуства и добри практики.
Во рамките на посетата беше реализирана и официјална средба со ректорот на Универзитетот во Аксарај, проф. д-р Алпај Арибаш, на која беа разгледани можностите за понатамошна академска соработка, мобилност на студенти и професори и развој на нови Erasmus+ иницијативи.
Со ваквите активности, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да ја зајакнува својата меѓународна соработка и да создава нови можности за академски развој на своите студенти и кадар.
















