Комисијата за самоевалуација на МСУ и поткомисиите за самоевалуација на факултетите, евалуацијата ја вршат според условите утврдени со Статутот на МСУ и според Правилникот за евалуација на МСУ.
Комисијата за самоевалуација на МСУ ги анализира и ги оценува:
- реализацијата на студиските и предметните програми;
- степенот на учество на наставниците, соработниците и студентите во реализацијата на студиските и предметните програми;
- резултатите од полагањето според структурата на студиските програми (задолжителни, изборни, факултативни, општи, специјалистички, теоретски, практични и слично);
- бројот и структурата на студентите;
- времетраењето на студиските програми и проодноста по учебни години;
- успехот на студентите според начинот на студирање, како и според регионалната припадност, националната припадност и слично;
- влијанието на опременоста (библиотечен фонд, компјутерска опрема, читални и слично) врз ефикасноста во студирањето;
- влијанието на истражувачката работа врз квалитетот на наставата и студирањето;
- дејноста на Универзитетот според условите на дадената акредитација и дозволата за вршење високообразовна дејност;
- ја координира работата на поткомисиите за самоевалуација на факултетите.
Поткомисијата за самоевалуација на факултетите ја анализира и дава оцена за реализацијата на програмата на катедрите за:
- реализацијата на студиската програма;
- степенот на учество на наставниците, соработниците и студентите во реализацијата на студиската програма;
- резултатите од полагањето според структурата на студиската програма (задолжителни, изборни, факултативни, општи, специјалистички, теоретски, практични, лабараториски и слично);
- бројот и структурата на студентите;
- времетраењето на студиската програма и проодноста по учебни години;
- успехот на студентите според начинот на студирање, како и според регионаланта припадност, националната припадност и слично;
- влијанието на опременоста (библиотечен фонд, компјутерска опрема, читални и слично) врз ефикасноста во студирањето;
- влијанието на истражувачката работа врз квалитетот на наставата и студирањето;
Поткомисијата за самоевалуација на факултетите изготвува годишен извештај за резултатите од евалуацијата со оцена на состојбата и со предлози за надминување на констатираните негативни појави во остварувањето на студиите на соодветниот факултет.
Извештаи за самоевалуација:
- Извештај за самоевалуација за академската 2011/12 година, превземете го овде.
- Извештај за самоевалуација 2012-2014 година, преземете го овде.
- Извештај за самоевалуација 2014-2016 година, преземете го овде.
- Извештај за самоевалуација 2016-2018 година, преземете го овде.
- Извештај за самоевалуација 2018-2020 година, преземете го овде.
- Извештај за самоевалуација 2020-2022 година, преземете го овде.