Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (сл.весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 25.03.2024 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2024/2025 година и го објавува следниот
КОНКУРС
за запишување на студенти на втор циклус на студии
во академската 2024/2025 година
• ВТОР ЦИКЛУС •
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
Факултет за психологија (едногодишни и двегодишни студии)
Факултет за технички науки и информатика (едногодишни и двегодишни студии)
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
1. Број на студенти
На студиските програми на факултетите за настава на македонски јазик ќе се запишат:
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
- Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 35 студенти
- Маркетинг менаџмент – 35 студенти
Факултет за психологија (едногодишни студии)
- Психологија во социјалната заштита – 25 студенти
- Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти
Факултет за психологија (двегодишни студии)
- Психологија во социјалната заштита – 25 студенти
- Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти
Факултет за технички науки и информатика (двегодишни студии)
- Безбедност при работа – 25 студенти
- Управување со отпад – 40 студенти
- Компјутерски системи и мрежи – 25 студенти
- Софтверски технологии – 25 студенти
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
- Административно право и јавна администрација – 30 студенти,
- Граѓанско право – 30 студенти,
- Казнено право – 35 студенти,
- Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатијата – 30 студенти,
- Деловно право – 25 студенти
За студии со настава на англиски јазик:
На студиските програми на факултетите за настава на англиски јазик ќе се запишат:
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
- Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 10 студенти
- Маркетинг менаџмент – 10 студенти
Факултет за психологија (едногодишни студии)
- Психологија во социјалната заштита – 10 студенти
- Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти
Факултет за психологија (двегодишни студии)
- Психологија во социјалната заштита – 10 студенти
- Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти
Факултет за технички науки и информатика (двегодишни студии)
- Безбедност при работа – 10 студенти
- Компјутерски системи и мрежи – 10 студенти
- Софтверски технологии – 10 студенти
- Управување со отпад – 10 студенти
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
- Административно право и јавна администрација – 10 студенти,
- Граѓанско право – 10 студенти,
- Казнено право – 10 студенти,
- Меѓународно право, меѓуанродни односи и историја на дипломатијата – 10 студенти,
- Деловно право – 10 студенти
2. Услови и критериуми за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).
Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При уплата на вкупната школарина при упис на академската година студентите добиваат попуст од 10 %.
Се определува школарина за следниве факултети:
- Факултет за Економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока : маркетинг менаџмент во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока : менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претрпијатија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: безбедност при работа (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: безбедност при работа (9 и 10 семестар) во износ од 1200 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: управување со отпад (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: управување со отпад (9 и 10 семестар) во износ од 1200 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: компјутерски системи и мрежи (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: компјутерски системи и мрежи (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: софтверски технологии (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: софтверски технологии (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: клиничка и советодавна психологија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: психологија во социјална заштита во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: казнено право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: граѓанско право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: меѓународно право и меѓународни односи (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: деловно право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: административно право и јавна администрација (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно.
Износот на школарината за запишување на странски студенти со странска високо образовна диплома изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.
3. Рокови за пријавување и запишување
Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Универзитет „Свети Николе” – Свети Николе во периодот од 27.03.2024 до 30.10.2024 година.
Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 01.11.2024 година.
4. Потребни документи за запишување
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија;
- Извод од матична книга на родените;
- Лична карта (на увид);
- 4 мали слики во боја.
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија
- Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77
- Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.