
Пријавете се: Подаруваме 20х2 билети за премиерата на претставата „Камења во неговите џебови“
30 март 2026
Успешна премиера на „Камења во неговите џебови“ во рамки на Меѓународен Славјански Универзитет
2 април 2026На отворениот ден кој се одржа во гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен, Меѓународен Славјански Универзитет успешно ги претстави своите студиски програми и можностите за академски и професионален развој пред идните матуранти.
Во рамки на настанот, присутни беа доц. д-р Јагода Митревска, раководителот на одделението во Битола Игор Михајловски, како и асистент Филип Тасковски. Тие, заедно со студенти од Меѓународен Славјански Универзитет, остварија непосредна комуникација со учениците, при што ги информираа за студиските насоки, условите за запишување и придобивките од студирањето.
Особено значајна беше вклученоста на студентите, кои преку споделување на сопствените искуства придонесоа за појасна и поавтентична слика за студентскиот живот и академската средина на Универзитетот. Настанот се одвиваше во позитивна и динамична атмосфера, со висок интерес од страна на учениците.









