Грб
на Меѓународен Славјански Универзитет

Грбот на Меѓународен Славјански Универзитет е изработен во македонска верзија со кирилично писмо и во англиска верзија со латинично писмо. Грбот може да се прилагодува и за други јазици, со превод на содржината на текстот.

Грбот на МСУ (македонска верзија) е во тркалезна форма и во средината на кругот е позициониран штит во кој е претставена зградата на универзитетот во Свети Николе и годината на основање на универзитетот – 2004. Во кругот е содржан натпис МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. НИКОЛЕ. На англиската верзија од логото е содржан натпис INTERNATIONAL SLAVIC UNIVERSITY ST. NICHOLAS и годината на основање е означена како Est. 2004.

Боите кои се користат за грбот се црвената #d30212, белата #ffffff и црната #000000, односно темно сива #252525. Грбот може да биде изработен и во една или две бои за специфични ситуации. 

Меморандум
на Меѓународен Славјански Универзитет

Знаме
на Меѓународен Славјански Универзитет

Знамето на МСУ е изработено во македонска верзија со кирилично писмо и во англиска верзија со латинично писмо. Грбот може да се прилагодува и за други јазици, со превод на содржината на текстот.

Знамето на МСУ е со правоаголна форма во бела боја. На средината се наоѓа елемент од грбот на МСУ – штитот со зградата на МСУ, годината на основање и називот. Елементот од грбот на МСУ е во две бои – црвена и црна.

Може да се користи и двобојна верзија од знамето во која позадината е со црвена боја, а елементот од грбот на МСУ е со бела боја и обратно.

Знамето на МСУ постојано е истакнато на објектот на Ректоратот на МСУ и на објектите на единиците и на придружните членки.

Знамето на МСУ се истакнува по повод патрониот празник на МСУ, на прослави, свечености и други активности, кои се од значење за МСУ и единиците, а може да се истакне при одржување на меѓународни универзитетски средби, натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на МСУ и на единиците.

Студентска химна
на Меѓународен Славјански Универзитет


Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветковски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои се наши (веќе дипломирани) студенти.

Химната на МСУ се изведува на прослави, промоции и други свечени и спортски манифестации на МСУ и на единиците и придружните членки, при меѓународни универзитетски средби и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири. Химната се изведува и на свечености организирани од универзитетот како врачување дипломи и индекси, на промоции, културни настани итн. Се користи и во промотивните видеа за универзитетот, како и за секој факултет посебно.

Плакета
на Меѓународен Славјански Универзитет

Плакетата се доделува на заслужни правни и физички лица, кои со својата работа дале посебен придонес за развојот на МСУ во областа на наставно-образовната, научно-истражувачката и уметничката дејност.

Поблиски одредби за доделување плакета и повелба донесува Ректорската управа.

Патронен празник
на Меѓународен Славјански Универзитет

Патрониот празник на МСУ е 19 декември. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ.

Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава.

Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.

Инсигнии
на Меѓународен Славјански Универзитет

МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите.

Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен грбот на МСУ.

Деканските и продеканските инсигнии се разликуваат зависно од факултетот и се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен грбот на МСУ.

insignii-msu-rektor

Ректорски и проректорски инсигнии

insignii-msu-dekan

Декански и продекански инсигнии

Одора
на Меѓународен Славјански Универзитет

Одората се карактеризира со бордо боја со декорации и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите.

На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите.

Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.

Слогани
на Меѓународен Славјански Универзитет

  • Живеј ја својата визија (2015)
  • Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
  • Мојата визија. (2018)
  • 2 децении. 1 визија. (2024)