Конкурс за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на акредитираните студиски програми во учебната 2022/2023 година

Започна Новогодишниот фестивал и базар на МСУ во Свети Николе
23 декември 2022
Голема посетеност на вториот ден од Новогодишниот фестивал и базар на МСУ
24 декември 2022

Конкурс за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на акредитираните студиски програми во учебната 2022/2023 година

Врз основа на Правилникот за формата и начинот и водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл.весник на РМ 102/18) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р.Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 23.12.2022 година донесе одлука за трансфер и упис на студенти во учебната 2022/2023 година и го објавува следниот

КОНКУРС

за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на
акредитираните студиските програми во учебната 20
22/2023 година на

Факултетот за економија и организација на претприемништвото со насоки (Свети Николе и Битола)

Факултет за психологија со насока (Свети Николе и Битола)

Факултет за информатика со насоки (Свети Николе и Битола)

Факултет за безбедносно инженерство со насока (Свети Николе и Битола)

Факултет за правни науки со насоки (Свети Николе и Битола)



Услови за упис


Право на аплицирање имаат студенти кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви, студенти кои побрзо напредуваат во студиите, студенти кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи, студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот, студенти кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа, странски студенти, како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворањето.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 700 евра (за една учебна година) за Факултетот за безбедносно инжинерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Рокови за пријавување и запишување


Пријавување на кандидати – од 26.12.2022 до 31.01.2023 година

  • Донесување на прелиминарни одлуки за упис на кандидатот – до 07.02.2023 година
  • Донесување на конечни одлуки и запишување на кандидатите – по донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на РСМ

Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна или меѓународна матура (освен за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и истите беа ослободени од полагање на матура);
  • Свидетелства од сите години;
  • Извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја;

Аплицирајте онлајн


Преку оваа страница за неколку минути и во пет чекори ќе можете да аплицирате онлајн за трансфер на еден од петте факултети на МСУ. Во следниве неколку чекори ние ќе Ве водиме низ апликацијата и ќе Ви објасниме како да аплицирате за трансфер – целосно електронски.


Чекор 1: Одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.


  • Информирајте се. Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
  • Слободно можете да поразговарате со нашите вработени од Центарот за кариера за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат. За да закажете консултации контактирајте не на info@msu.edu.mk.

Чекор 2: Аплицирајте


Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за онлајн аплицирање. Пополнете ја апликацијата за да ги доставите Вашите податоци до Службата за студентски прашања.

Општи податоци

Ве молиме наведете го прво името на факултетот, па името на универзитетот.

Податоци за завршено образование

CAPTCHA image

Чекор 3: Испратете ги документите


По пополнување на апликацијата испратете ги потребните документи за трансфер до Службата за студентски прашања.

  • Доколку аплициравте за трансфер во Свети Николе, доставете ги скенирани документите на studentski@msu.edu.mk.
  • Доколку аплициравте за трансфер во Битола, доставете ги скенирани документите на bitola@msu.edu.mk.

При пријавувањето за трансфер на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат скенирани следните документи:

  •   Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна или меѓународна матура (освен за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и истите беа ослободени од полагање на матура);
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Извод од матична книга на родените;
  •   4 мали фотографии во боја

Чекор 4: Очекувајте да Ве контактираме.


Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, Службата за студентски прашања ќе направи проверка на сите документи. Во рок од неколку денови ќе бидете контактирани.


Чекор 5: Запишување


По донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија ќе бидат донесени конечни одлуки и ќе бидете информирани дали трансферот може да се направи.


Имате прашања?


CAPTCHA image