Студиска програма Општа психологија (4+1)
стара програма
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Новата програма е достапна овде.
Име на студиската програма: Општа психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 32
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран психолог
Годишна школарина: 1030 евра
На Факултетот за психологија за додипломски студии акредитирана е студиската програма Општа психологија (4+1). Студиите се четиригодишни, односно носат 240 ЕКТС кредити.
На студиската програма Општа психологија, тимот од докажани професионалци ќе ви овозможи да се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење кое без сомнение ќе ве подготви да одговорите на сите потреби на луѓето со кои во иднина ќе работите.
На оваа студиска програма ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.
Предметите опфаќаат продлабочени содржини од повеќе дисциплини на психологијата кои ќе ви овозможат да ја согледате интеракциската врска помеѓу средината и однесувањето на индивидуата, ќе научите повеќе за комуникацијата помеѓу луѓето, следење на промените и проблемите… Истовремено предметите треба да развијат вештини за примена на тие знаења во психолошката практика.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.
По подготовката на дипломскиот труд ќе се стекнете со стручен назив дипломиран психолог.
Наставна програма • четиригодишни студии
Факултет за психологија | ||||
Студиска програма Општа психологија | ||||
Дипломиран психолог | ||||
1 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Перцептивни и сознајни процеси | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Генетика | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Неврофизиологија | Изборен | 7 | 210 |
4 | Статистика | Изборен | 7 | 210 |
5 | Вовед во методологија на експер. псих. | Изборен | 7 | 210 |
6 | Вовед во психологијата | Изборен | 7 | 210 |
2 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Емоции и мотивација | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Развојна психологија 1 | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Социологија | Изборен | 7 | 210 |
10 | Руски јазик | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на економија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Основи на информатика | Ун. изборен | 7 | 210 |
3 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Развојна психологија 2 | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Здравствена психологија | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Психометрија | Изборен | 7 | 210 |
4 | Ментално здравје | Изборен | 7 | 210 |
5 | Училишна педагогија | Изборен | 7 | 210 |
6 | Квалитативни истражувања во псих. | Изборен | 7 | 210 |
4 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Интелигенција | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Социјална психологија | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Основи на меѓукултурна комуникација | Изборен | 7 | 210 |
10 | Етика и естетика | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на менаџмент | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Психологија на бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
5 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Психопатологија | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Психодијагностика | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Позитивна психологија | Изборен | 7 | 210 |
4 | Вештина на психолошко советување | Изборен | 7 | 210 |
5 | Развојна психопатологија | Изборен | 7 | 210 |
6 | Основи на педагогија со дидактика | Изборен | 7 | 210 |
6 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Клиничка психологија | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Форензична психологија | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Психолошки правци и школи | Изборен | 7 | 210 |
10 | Психологија на семејство | Изборен | 7 | 210 |
11 | Супервизија и евалуација | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Психолошко тестирање | Ун. изборен | 7 | 210 |
7 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Психологија на лица со посебни потреби | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Психологија на образованието | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Методика на настава во психологија | Изборен | 7 | 210 |
4 | Невропсихологија | Изборен | 7 | 210 |
5 | Психотерапевтски методи | Изборен | 7 | 210 |
6 | Интервенција при стрес и криза | Изборен | 7 | 210 |
8 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Психологија на надарени | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Психологија на трудот | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Медијација | Изборен | 7 | 210 |
10 | Психологија на болка | Изборен | 7 | 210 |
11 | Историја на Русија и Македонија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Електронски бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.