Софтверски технологии (3+2)


Студиска програма Софтверски технологии (3+2)


Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран по (насока: Софтверски технологии)
Годишна школарина: 1230 евра

Софтверските технологии се однесуваат на дизајнирање, развивање и користење комплексни информатички системи. Програмирањето, компјутерското и софтверското инженерство се еднакво акцентирани во наставата и преку низа практични вежби и задачи ќе можете да добиете познавања од овие области. Од системите се очекува да функционираат правилно во секое време и да бидат флексибилни. Токму овде настапува Вашата кариера како информатичар!



Предметите ги запознаваат студентите со основните концепти на програмирање и алгоритамски начин на размислување за решавање на проблеми, архитектурата на компјутерските системи и начинот на нивното функционирање, начини на реализирање ГИС проекти, веб дизајн… Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Генерално, студиската програма ги подготвува студентите за кариерата како софтверски инженери или софтверски архитекти во контекст на софтверското инженерство. Притоа, со помош на домашни задачи, студентите ќе имаат можност да ги вежбаат научените работи и да се усовршуваат. Ќе знаат како се креираат компоненти и како се употребуваат во софтверскиот развој.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.


Наставна програма • тригодишни студии


Факултет за технички науки и информатика

Студиска програма Софтверски технологии, 180 ЕКТС

Дипломиран инженер по информатика

1 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Основи на програмирање Задолжителен 8 240
2. Апликативни програми Задолжителен 8 240
3. Математика Задолжителен 8 240
4. Алгоритми и структура на податоци Изборен 6 180
5. Англиски јазик Изборен 6 180

2 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Компјутерска архитектура Задолжителен 8 240
7. Објектно програмирање Задолжителен 8 240
8. Просторни информациски системи Задолжителен 8 240
9. Основи на економија Изборен 6 180
10. Основи на информатика Изборен 6 180

3 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Создавање на WEB сајтови Задолжителен 8 240
2. Софтверско инженерство Задолжителен 8 240
3. Анализа на софтверски потреби Задолжителен 8 240
4. Математика 2 Изборен 6 180
5. Компјутерски мрежи Изборен 6 180

4 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Интернет технологии Задолжителен 8 240
7. Управување со IT проекти Задолжителен 8 240
8. Софтверска ергономија Задолжителен 8 240
9. Апликативни ГИС програми Изборен 6 180
10. Основи на менаџмент Изборен 6 180

5 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Интернет програмирање Задолжителен 8 240
2. Бази на податоци 1 Задолжителен 8 240
3. Конструкција на софтвер Задолжителен 8 240
4. Оперативни системи Изборен 6 180
5. Компјутерска графика Изборен 6 180

6 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Проектна работа Задолжителен 8 240
7. Визуелно програмирање Задолжителен 8 240
8. Бази на податоци 2 Задолжителен 8 240
9. Вештачка интелигенција Изборен 6 180
10. Системски софтвер Изборен 6 180

Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image