Проректор за настава
Проректорот за настава на МСУ ги има следните работни обврски:
- Го координира процесот на настава во соработка со координаторот за настава, деканите и продеканите за настава
- Ја организира наставата согласно правилницитеи согласно добиената акредитација
- Ја координира високообразовната и научноистражувачката дејност на МСУ
- Го организира процесот на акредитацијата на студиските програми на сите циклуси
- Ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот
- Предлага академски кадар
- Ги следи и решава проблемите кои настануваат во процесот на настава во соработка со координаторот на настава
- Се грижи за унапредување на наставниот процес, организира
обуки за унапредување на квалитетот на наставата - го одобрува академскиот календар и распоредот на активности
- го координира кредит-трансфер системот и се грижи за правилна имплементација на сите факултети
- поднесува извештаи до ректорот и до Управниот одбор за секој семестар од наставата
- учествува во креирањето на правилниците поврзани со наставата, испитите и оценувањето
- Врши и други работи на барање на Ректорот