
Потпишан договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и НУ Завод и Музеј – Штип
16 март 2026
Отворена изложба на проф. д-р Јордан Ѓорчев во галеријата „Безистен“ во Штип
24 март 2026На 18 март 2026 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа еднодневниот семинар на тема „Здрави работни места: Менаџирање на стрес во работно опкружување; Трошоци и придобивки од имплементирање на системите за управување со безбедност и здравје при работа“. Семинарот беше организиран од Институтот за инженерска економија – Свети Николе во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, со цел да се укаже на значењето на управувањето со стресот во работната средина и на економските аспекти од примената на системите за безбедност и здравје при работа.
Во рамки на програмата беа обработени теми поврзани со причините и симптомите на стресот на работното место, начините за негово препознавање, како и методи за справување и превенција. Посебен акцент беше ставен и на економскиот пристап во спречување на повреди на работа и анализа на трошоците што настануваат како последица на несреќи и професионални заболувања. Предавачи на семинарот беа проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки и професор на Меѓународен Славјански Универзитет, и доц. д-р Мартин Ѓоргиев, доктор по економски науки при Меѓународен Славјански Универзитет.

Семинарот беше наменет за менаџери, управители, директори, стручни лица за безбедност и здравје при работа, како и за вработени од секторите за човечки ресурси, правни работи, финансии и производство. Учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и вештини во областа на управувањето со стресот и унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа.
Настанот претставуваше значајна можност за размена на искуства и знаења, како и за унапредување на практиките кои придонесуваат кон создавање на здрава и продуктивна работна средина.





