Денес маркетинг секторот е како екстензија на секторот за Бренд менаџмент. Тој ја зема основната идеја, ја разработува и ја пласира онаму каде што е најверојатно таа да успее.
Маркетинг секторот е многу важен и е од клучно значење за растот на универзитетот. Откако овој сектор се отвори во 2013 година, стапката на раст на универзитетот е зголемена. Маркетинг секторот е опремен со современ софтвер, камери, опрема за осветлување, стабилизатори, а е претплатен и на повеќе веб страници за графички дизајн и видеографија, со цел да биде во чекор со најновите трендови и да може да креира актуелни содржини за електронските и печатените медиуми. Во основа, овој сектор располага со опрема на ниво на продукциска куќа.
Маркетинг секторот подготвува фотографии и видео реклами, понекогаш самостојно, но понекогаш и со помош на други продукциски куќи. Работата на овој сектор е целосно поврзана и посветена на исполнување на мисијата и визијата на универзитетот и игра клучна улога во начинот на презентирањето на универзитетот во јавноста.
Маркетинг секторот прави годишен план на промотивни активности и кампањи, и заедно со Евент менаџмент центарот ги координира и промотивните настани кои би се одвивале во тој период. Откако ќе направи план за годишната кампања, маркетинг секторот ги изработува потребните фотографии и видео материјали, а до ИТ секторот проследува нарачка за дизајн на брошури, флаери и сл. Откако ќе се направи дизајнот, Секторот за односи со јавноста го објавува на интернет, а печатницата во склоп на МСУ го подготвува печатениот примерок.
Комуникацијата меѓу овие сектори е секогаш двонасочна комуникација. Маркетингот, ИТ секторот, PR секторот и издавачката куќа со печатницата се меѓусебно поврзани и зависни еден од друг. Истражувањето спроведено во 2018 година покажа дека овие сектори се добар пример за добра хоризонтална комуникација во МСУ.
Маркетинг секторот, освен креативниот дел, ги спроведува и анализите, ја следи конкуренцијата и врши споредба со нашата позиција на пазарот, врши мерења на влијанието на активностите, дава предлози и насоки за подобрување на рекламните активности. Улогата на вработените во овој сектор е и да помогнат во дизајнирањето на веб страницата на МСУ и нејзината содржина, претставувањето на универзитетот на социјалните мрежи, претставување на придобивките од студирањето на МСУ итн.