Развоен пат


Нашите досегашни остварувања го прават Меѓународниот Славјански Универзитет втор дом на многу студенти од Република Северна Македонија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Индија, Русија… Нашиот универзитет е основан меѓу првите приватни универзитети во Република Северна Македонија и веќе многу години им помага на талентираните млади луѓе да ја живеат својата визија.


На почетокот


Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе е акредитирана високообразовна установа која започна со работа во 2004 година во Св. Николе. Од 2006 година започна со работа и нашиот кампус во Битола.


Многугодишен развој


Преку стратегиски планиран развој и непрекинати инвестиции во академски капацитети и инфраструктура, универзитетот значително го прошири својот обем на студиски програми и факултети. Почнувајќи од 2004-та година, досега имаме акредитирано 4 факултети со над 20 студиски програми на додипломски и последипломски студии.

Низ годините растеше и нашиот просторен капацитет, па така денес за одржување на наставата на нашите студенти им се ставени на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола, а дополнителни згради во двата кампуси  се во фаза на изградба.

Во рамките на овие простории, постепено се градеа современо опремени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, кина, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.


Дејствуваме заедно


Создадениот имиџ на универзитетот овозможи потпишување повеќе договори за соработка со бројни компании вклучени во бизнисот во Република Северна Македонија, но и надвор, каде на нашите студенти им се пружа можност за усовршување на своите работни вештини и професионално вклучување во бизнисот.

Меѓународниот Славјански Универзитет активно соработува со водечки компании и организации, отворајќи можности за професионален развој и вработување за нашите студенти. Овие партнерства се клучни за практичното искуство на нашите студенти.


Размислуваме глобално


Потпишани се договори и за наставна, научна и истражувачка работа со многу универзитети од различни земји. Нашата глобална перспектива се потврдува преку спроведувањето на многубројни меѓународни проекти, студентски размени и конференции во соработка со универзитети од различни делови на светот. Овие активности не само што го збогатуваат академското искуство, но и ги продлабочуваат меѓукултурните врски помеѓу студентите и наставниот кадар.