На 23. април 2024 година Меѓународен Славјански Универзитет во соработка со Институтот за инженерска економија беше домаќин на значајна национална конференција на тема „Предизвиците на новото работно законодавство и безбедноста и здравје при работа“. Конференцијата беше организирана по повод 28. април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.
Програмата на конференцијата беше отворена со поздравни говори од проф. д-р Јордан Ѓорчев – претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет; проф. д-р Лазар Јовевски – раководител на катедра по Трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, проф. д-р Живко Митревски – претседател на Универзитетски сенат при Меѓународен Славјански Универзитет и проф. д-р Мевлудин Мустафи од Факултетот за правни науки при МСУ.
На конференцијата учество земаа професори и експерти од пракса од областа на правните науки и безбедност и здравје при работа. Присуствуваа претставници од Државен инспекторат за труд, како и нашите соработници и партнери од компаниите Витаминка, Кромберг и Шуберт и Premium Safety Solution.
Првата панел дискусија се фокусираше на предизвиците кои ги носи новото работно законодавство и влијанието на безбедноста и здравјето при работа, а модератор беше проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултет за правни науки при МСУ. Во втората сесија се дискутираше за тековните предизвици во областа на безбедноста и здравјето при работа, а модератор беше проф. д-р Цветанка Митревска, декан на Факултетот за технички науки и информатика при МСУ.
Конференцијата претставува значаен момент за академската заедница и пошироката јавност, нагласувајќи ги напорите на универзитетот да придонесе кон подигањето на стандардите и безбедноста на работните места во земјата.