На 26 април 2023 година во просториите на Kromberg & Schubert во Битола беше одржан состанок помеѓу раководството на Меѓународен Славјански Универзитет и раководството на Kromberg & Schubert.
Од Меѓународен Славјански Универзитет на состанокот беа присутни проф. д-р Јордан Ѓорчев – претседател на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Љупчо Вчков – директор на Институтот за инженерска економија при МСУ и проф. д-р Живко Митревски – претседател на Сенатот при МСУ. Од Kromberg & Schubert присуствуваа Светлана Пејковска – Plant Administration Manager, Влатко Цековски – Plant Operation Manager, Ирена Ристевска – HR Manager и Сашо Коруновски – HSE officer.
На средбата фокусот беше ставен на разгледување на можностите за партнерство помеѓу универзитетот и компанијата како еден од најголемите работодавачи во Република Северна Македонија. Ова партнерство им обезбедува подобри можности на нашите студенти и наставен кадар. Со ова партнерство би се овозможила соработка со професионалци од индустријата, стекнување и размена на искуства и нови полиња за истражувања и развој.