Информатичкиот центар е сервис кој ги опслужува сите административни служби и функционира со свои одделенија на кампусите во Свети Николе и Битола.

Информатичкиот центар при МСУ е еден од главните двигатели на универзитетот и му овозможува со забрзано темпо да ги остварува зацртаните цели. Центарот покрива разни области во работата на универзитетот.

Прво, ги гради и надополнува електронските системи на МСУ. Се грижи за креирање на електронските адреси на вработените, го дизајнира изгледот на веб страницата на МСУ и поставува дел од информациите. Исто така, ги следи најновите трендови во веб дизајнот и имплементира нови решенија, со цел подобрување на имиџот на универзитетот.

Информатичкиот центар ги обезбедува сите дигитални решенија кои им се достапни на студентите, но и на вработените.

Студентите ја оценија оваа служба со мошне високи поени, пред се поради професионалноста на вработените и нивната секојдневна електроонска комуникација со студентите.

Достапноста на сите информации онлајн, го прави задоволството на студентите од овој сектор големо. Голем процент од студентите на МСУ патуваат и не се од Свети Николе или Битола, и достапноста на информациите онлајн е клучна за нивото задоволство од студирањето на МСУ.