Центарот за човечки ресурси се грижи за вработените на МСУ, учествува во изработка на политиката за вработување, менаџирање со кариерите на вработените, тренинзи и слично.

Центарот за човечки ресурси исто така се грижи за создавање на квалитетна организациска култура, каде владее продуктивноста, квалитетот, но и позитивно расположение. Позитивниот став на вработените е клучен за работата на МСУ, бидејќи вработените на МСУ исто така делуваат како мотиватори на студентите, со цел развивање на нивните кариери и унапредување на нивните можности.

Центарот е насочен кон остварување на целите и визијата на МСУ преку постојани тренинзи и обуки на вработените. Понекогаш обуките се одржуваат организирано во рамките на универзитетот, но понекогаш, вработените се праќаат на напредни обуки во земјата и странство, со цел да се стекнат со нови вештини кои ќе им помогнат да ги развијат нивните таленти и да станат подобри во работата која ја работат.

Преку центарот за човечки ресурси поминуваат сите вработувања во универзитетот, бидејќи тој, всушност прави евалуација во која мера определено лице ги исполнува условите да стане дел од тимот на МСУ.

Врз основа на анализите и евалуациите, Центарот за човечки ресурси предлага вработени за наградување.

Како што универзитетот растеше и се развиваше, но и со новите законски измени, значително е зголемен обемот на работа во овој сектор.

Центарот за човечки ресурси во моментот работи на нова мрежа, МСУ Интранет, која би правела поврзување и обединување на сите вработени на универзитетот. Овде, секој вработен би имал свој профил, каде би си поставувал цели во работата и начини на кои планира да пристигне до нив. Откако Центарот за човечки ресурси ќе ги обработи овие податоци, би можел да направи план за едукација и тренинг на вработените кои би сакале да напредуваат на работното место.