Слободни места за бесплатна летна школа во Тамбов – Русија

Собир на македонските универзитети на УКЛО во Битола
11 мај 2019
Слободни места за меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!” на Црно Море во Бугарија
14 мај 2019

Слободни места за бесплатна летна школа во Тамбов – Русија

Почитувани колеги,

Имаме слободни места за бесплатна летна школа «Наше единство в нашем разнообразии» во Тамбов, Русија! Годинава нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот Универзитет „Г. Р. Державин“ од 17-30 јули повторно поканува 4 студенти на летната школа која ќе се одржи во Тамбов – Русија. На летната школа може да се пријават само студенти од МСУ.

Програмата за летната школа може да ја преземете овде.

Поради ограничените места, пријавувањето ќе биде на принципот прв пријавен – прв услужен.

Трошоците за сместување и храна, како и патот од Москва до Тамбов и назад е покриен од Тамбовскиот Универзитет. Услови за пријавување се студентите да го познаваат рускиот јазик и да ги покријат трошоците за авионска  патување до Москва и назад.

Please wait...