Заврши младинската размена за проектот “Promoting Inclusion And Employment Through Art”

МСУ во новата академска година оди онлајн – сите предавања онлајн почнувајќи од октомври
9 септември 2021
Промовирана книгата „Лево-десно: економијата низ две перспективи“ од проф. д-р Никола Поповски и проф. д-р Трајко Славески
16 септември 2021

Заврши младинската размена за проектот “Promoting Inclusion And Employment Through Art”

Завршија активностите на нашите студенти и соработници од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет кои беа на младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Promoting Inclusion And Employment Through Art”.

Младинската размена започна на 1 септември 2021 и траеше до 10 септември 2021.

Целта на овој проект беше да поттикне вклучување на мигранти, бегалци кои доаѓаат во Европа, вклучително и баратели на азил, да се создадат мостови помеѓу мигрантите и локалните заедници преку култура, уметност и образование, како и презентирање на културата на Европа и нејзините вредности.