Промовирана книгата „Лево-десно: економијата низ две перспективи“ од проф. д-р Никола Поповски и проф. д-р Трајко Славески

Заврши младинската размена за проектот “Promoting Inclusion And Employment Through Art”
14 септември 2021
Во библиотеката на МСУ промовирана книгата „Преживеана“ од Слободанка Кузманова
18 септември 2021

Промовирана книгата „Лево-десно: економијата низ две перспективи“ од проф. д-р Никола Поповски и проф. д-р Трајко Славески

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа промоција на книгата „Лево – десно – економијата низ две перспективи“ која е во издание на Матица, а е напишана во коавторство од двајцата профeсори по економија

  • проф. д-р Никола Поповски од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и
  • проф. д-р Трајко Славески од Економски факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.


Книгата се состои од 20 теми на кои пишуваат двајцата професори за различни економски проблеми, но секој од нив со различни видувања на темата. Промоцијата се одржа во библиотеката на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Промотор на книгата беше м-р Зоран Јовановски, уредник на списанието „Економија и бизнис“.



Двајцата професори се обратија со свои излагања во кои ги образложија мотивите, темите и импликациите од темите кои ги имаат обработено во книгата.