Слободни места за меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!” на Црно Море во Бугарија

Слободни места за бесплатна летна школа во Тамбов – Русија
14 мај 2019
МСУ потпиша договор со Македонски полициски синдикат
15 мај 2019

Слободни места за меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!” на Црно Море во Бугарија

Меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!” поканува 5 студенти од МСУ на брегот на Црното Море од 9-14 септември 2019 година. Годинава фестивалот ќе се одржи на нова локација во Меѓународниот Спортски Центар „Балканика-Росица“.

Програмата на фестивалот ќе биде поврзана со театарот бидејќи 2019 година во Русија е определена како Година на театарот. На фестивалот секој учесник ќе може да ги покаже своите таленти и способности. Студентите кои ќе присуствуваат на фестивалот може да ги испробаат своите режисерски или актерски способности и да остварат средби со познати руски актери и режисери. На фестивалот ќе има и многу натпревари и игри на отворено.

Трошоците за сместување, храна и екскурзии се покриени од страна на организаторот. Превозот за пријавените студенти ќе биде организиран од МСУ до градот Китен и назад.

Пријавувањето ќе биде на принципот  прв пријавен – прв услужен, но клучно е студентите да го познаваат и да можат да се изразуваат на руски јазик. Може да земат учество само студенти од МСУ.

Please wait...