Денес на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола се одржуваат два меѓународни шаховски турнири, еден сениорски и еден младински кои се во целосна организација на МСУ со поддршка на регионалните шаховски клубови и Шаховската федерација на Македонија.
На турнирите учество зедоа едни од најдобрите македонски шахисти. Покрај нив, оваа година на турнирот „Славјански“ зедоа учество и 9 странски шахисти од Грција, Бугарија, Албанија и Косово, кои дополнително го засилија квалитетот и нивото на самиот турнир. На двата турнири се натпреваруваа 148 шахисти од кои 99 шахисти во сениорска конкуренција и 49 во детска конкуренција до 16 години.
Покрај двајцата велемајстори Петар Дренчев (Бугарија) и Звонко Станојоски играат и Филип Панчевски – Интернационален мајстор, Никола Николовски – Интернационален мајстор, Тони Лазов – Интернационален мајстор, Емил Ристески – ФИДЕ мајстор и Филип Михов, сите 5 македонски сениорски репрезентативци од последното европско шаховско првенство во Словенија.
Во име на организаторот сите присутни ги поздрави раководителот на МСУ кампусот во Битола, Игор Михајловски, кој се заблагодари на сите 148 шахисти, што е рекорд за овој турнир, како и на сите кои помогнаа да се реализира турнорот кој се состои од два турнири во шах
На отворањето, поздравен говор имаа и претседателите на шаховските клубови „Стево Патако“ – Сашко Павловски и „Шах – шех“ – Зоран Попчевски.
Присутните ги поздрави и главниот интернационален судија на турнирот Тони Кироски.
Претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска, официјално го прогласи турнирот за отворен ги поздрави присутните и ја искажа својата восхитеност што токму ваков формат на турнир се одржува во Битола ветувајќи и понатамошна поддршка на овој спорт од страна на Општината.
Турнирот продолжува и утре, а најдобрите во своите конкуренции ќе ги понесат вредните награди кои ги обезбеди организаторот.
Повеќе информации во врска со турнирот можете да најдете на следниов линк.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |