Шаховски турнир Славјански 2022

Промовирана книгата „Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на РСМ“ од м-р Андријана Паскоска и проф. д-р Мирослав Пендароски
27 јануари 2022
Работен состанок со ректорката на Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија
28 јануари 2022

Шаховски турнир Славјански 2022

Меѓународниот Славјански Универзитет организира два турнири во шах Славјански 2022. Турнирите ќе се одржат од 19.03.2022 до 20.03.2022 година во Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола.

  • А Турнир – ОПЕН
  • Б Турнир – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800

Право на учество имаат сите шахисти со ФИДЕ код.Турнирите се пријавени во FIDE и ќе се рејтингуваат.

Списокот на учесници ќе се објавува на https://chess-results.com/


Игра:


А турнир:

  • Се игра по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах. Турнирот А ќе се рејтингува во ФИДЕ.
  • Темпо на игра е 25 минути по играч со бонификација од 5 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.

Б турнир:

  • Се игра по Швајцарски систем од 7 кола, според Правилата на ФИДЕ за стандарден шах. Турнирот Б ќе се рејтингува во ФИДЕ.
  • Темпо на игра е 35 минути по играч со бонификација од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.


Награден фонд:


Организаторот обезбедува пехар за победниците на турнирите, медали и дипломи за возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16 години (Б Турнир) и ОПЕН (А Турнир).

Вкупниот награден фонд изнесува 120.000 денари.

А Турнир – ОПЕН – 90.000 денари:

  • 1 место – 20.000 денари
  • 2 место – 15.000 денари
  • 3 место – 10.000 денари
  • 4 место – 8.000 денари
  • 5 место – 7.000 денари
  • 6 место – 6.000 денари
  • 7 место – 5.000 денари
  • 8 место – 4.000 денари
  • 9 место – 3.000 денари
  • 10 место – 2.000 денари
  • Најдобар играч oд Битола – 2.000 денари
  • Најдобар нерејтингуван играч – 2.000 денари
  • Најдобар играч над 65 години – 2.000 денари
  • Најдобар играч до 18 години – 2.000 денари
  • Најдобра шахистка – 2.000 денари

Б Турнир – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800 – 30.500 денари:

  • 1 место – 6.000 денари
  • 2 место – 5.000 денари
  • 3 место – 4.000 денари
  • 4 место – 3.000 денари
  • 5 место – 2.000 денари
  • 6 место – 1.500 денари
  • Најдобар играч од Битола – 1.500 денари
  • Најдобар играч до 14 години – 1.500 денари
  • Најдобар играч до 12 години – 1.500 денари
  • Најдобар играч до 10 години – 1.500 денари
  • Најдобар играч до 8 години – 1.500 денари
  • Најдобра шахистка – 1.500 денари

Свечено затворање на турнирот и доделување на награди ќе се одржи 30 минути по завршување на последното коло.

Играч може да освои само една награда – поголемата.


При делба на место одлучува:


Наградите не се делат, а при делба на место одлучува:

  1. Бухолц (-1)
  2. Бухолц
  3. Поголем број победи
  4. Прогрес


Програма


Пријавените учесници задолжително треба да го потврдат учеството на турнирот со своето присуство во салата за игра на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола, најдоцна до 11:30 часот на 19.03.2022.

Техничката конференција ќе започне на 19.03.2022 во 11:45 часот.

Партиите ќе се играат по следниот распоред:

А турнир:

  • 1 коло – 19.03.2022 (сабота) – 12:00
  • 2 коло – 19.03.2022 (сабота) – 13:30
  • 3 коло – 19.03.2022 (сабота) – 15:00
  • 4 коло – 19.03.2022 (сабота) – 17:30
  • 5 коло – 19.03.2022 (сабота) – 19:00
  • 6 коло – 20.03.2022 (недела) – 09:00
  • 7 коло – 20.03.2022 (недела) – 10:30
  • 8 коло – 20.03.2022 (недела) – 12:00
  • 9 коло – 20.03.2022 (недела) – 13:30

Б турнир:

  • 1 коло – 19.03.2022 (сабота) – 12:00
  • 2 коло – 19.03.2022 (сабота) – 14:00
  • 3 коло – 19.03.2022 (сабота) – 17:00
  • 4 коло – 19.03.2022 (сабота) – 19:00
  • 5 коло – 20.03.2022 (недела) – 09:00
  • 6 коло – 20.03.2022 (недела) – 11:00
  • 7 коло – 20.03.2022 (недела) – 13:00

Организаторот го задржува правото за измени на распоредот за играње, за што натпревачувачите ќе бидат навремено известени.



Пријавување


Рок на пријавување: 17.03.2022 година.

Уписнина за учество на турнирот: 300 денари (5 евра). Уплатата може да се изврши онлајн или на следнава трансакциска сметка:

  • Примач: ПВУ МСУ,
  • Сметка: 200001929488684,
  • Банка: Стопанска Банка.

Од уписнина на турнирите се ослободени играчи со меѓународни шаховски титули.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на shahovski@msu.edu.mk.


Информации за сместување


Како добри организатори, МСУ се потруди да исконтактира со сместувачки и угостителските капацитети во Битола и да обезбеди поволности за сите кои се директно поврзани со шаховскиот турнир „Славјански“ (натпреварувачи или придружба). Укажуваме благодарност за општествената одговорност на сите капацитети кои обезбедија попусти од редовните цени. Попустите ќе важат само со доказ за учество на турнирот Славјански или во комбинација со учесник на турнирот, во спротивно попустот нема да биде важечки.

Во прилог e листата на сместувачки капацитети.


Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на следната апликација:


Пријава за учество на шаховски турнир


Пријава за учество на шаховски турнир

CAPTCHA image